Димова против препукувањата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Токму јас пријавив злоупотреба!

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги и полувистини само за да се манипулира јавноста. Од двата партиски штаба гледам дека се прави дефокус. Наместо да се зборува за актуелната в.д. директорка, темата повторно сум јас – Лидија Димова, иако од 2020 година немам никакво влијание во Агенцијата, вели поранешната директорка на „Еразмус“ по вчерашните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по изборот на новото раководство на институцијата.

Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги и полувистини само за да се манипулира јавноста. Од двата партиски штаба гледам дека се прави дефокус. Наместо да се зборува за актуелната в.д. директорка, темата повторно сум јас – Лидија Димова, иако од 2020 година немам никакво влијание во Агенцијата, вели поранешната директорка на „Еразмус“ по вчерашните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по изборот на новото раководство на институцијата.

„Токму јас во 2019 година поднесов пријава до Јавното обвинителство и до Европската комисија за злоупотреба на 2,2 милиони евра од програмата Еразмус+. Мојот наследник се погрижи таа да остане невидлива до 2023 година, се додека не дојде „честитката“ од ОЛАФ и можеби затоа партиските пресовите оперираат со 2023 и 2024 година, наместо со вистинската 2019-та. Додека јас бев разрешена набрзина, со апсурден изговор за „тренинг на магариња и финансирање фризерници“, кривичната пријава што ја поднесов се уште тлее во предистрага. Но, ОЛАФ постапи по мојата пријава и си поврати 2,2 милиони евра од македонскиот буџет. Само да потсетам, од ОЛАФ добив писмено известување дека ОЛАФ нема никакви наоди против мене! Лицата за коишто има наоди забрзано „напредуваат“ додека Обвинителството е во предистрага веќе 6 години“, пишува Димова.

Претходно Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека во своето 7 годишно владеење, не постоела институција во која СДСМ не направиле криминал, споменувајќи го случајот со Димова, при што еднаш ја обвини дека проневерила пари, а потоа – дека таа пријавила проневера на пари.

-Пред да излезат повторно со прес-конференции и соопштенија, СДСМ прво да си го погледнат својот двор. Нивниот двор е полн со луѓе кои извршувале јавни функции и скоро па да нема некој кој не бил поврзан со некаков сомнеж или пак сторен криминал. Лидија Димова како член на СДСМ и како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, ја злоупотреби службената положба и проневери заедно со уште две лица, околу 20 милиони денари, со што Димова направи две кривични дела. За конкретниот случај, таа беше и обвинета од страна на ОЈО ГОКК. За овој случај СДСМ се тивки, и не зборат, и можеби ќе речат дека Лидија Димова не ја познаваат.

Исто така, да ја потсетиме јавноста, дека тогашниот премиер Заев ја присили Димова да не ја поднесува пријавата за сторен криминал од 2,2 милиони евра, пари кои потоа Европската заедница си ги бараше назад. Токму овие пари завршиле кај исти луѓе и тендерите ги добиле исти две фирми поврзани со овие луѓе. Оваа мрежа имала своја логистика во Националната агенција, а првопријавеното лице и во кабинетот на премиерот, е како близок пријател на еден од националните координатори во тогашната влада – истакна Манасиевски.

Заев и Димова, додаде тој, си ја користеле Агенцијата како своја приватна фирма и ја испразниле касата за над 2,5 милиони евра.