Жерновски: Кај ВМРО-ДПМНЕ има паника поради падот од 130.000 гласа

Поранешниот амбасадор и замени-министер за надворешни работи Андреј Жерновски тврди дека кај владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има пад од 130.000 гласа во однос на последните парламентарни избори што се одржаа во 2024.

Поранешниот амбасадор и замени-министер за надворешни работи Андреј Жерновски тврди дека кај владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има пад од 130.000 гласа во однос на последните парламентарни избори што се одржаа во 2024.

„Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да започне далеку пред законски пропишаните рокови.

Зачудени се од паничниот аудио и видео сигнал кој го емитира Мицкоски. Целиот во грч, со избезумен лик и пискав глас, почна да нуди и ветува се’ и сешто, при што забележителна е неговата “стручност и експертиза” во познавањето на економијата. Најновата теза дека “цените растат затоа што се покачени платите”, молскавично влезе во богатата ризница на тропнати бисери изустени од македонски политичари.

Сепак, причината е многу подлабока. Во партија му е презентирана најновата анкета која е направена по негова нарачка и изведена од добро познатата (про)вмровска агенција. Бројките се немилосрдни: За само година дена, ВМРО-ДПМНЕ бележи пад од цели 130.000 гласа!

Ваков драматичен пад е најголемиот што било која партија на власт го има доживеано во поновата македонска историја, односно од почетокот на повеќепартискиот систем“, објави Жерновски.