Израел ја изгуби човечноста во Газа, смета италијанскиот министер за одбрана

„И ова не би бил потег против Израел, туку начин да се спаси овој народ од влада која го изгубила својот разум и човечност. Секогаш мора да правиме разлика помеѓу владите и државите и народите, како и религиите што ги исповедаат. Ова важи за Нетанјаху и важи за (рускиот претседател Владимир) Путин, чии методи веќе станаа опасно слични“, изјави италијанскиот министер за одбрана Кросето.

Италијанскиот министер за одбрана изјави денес дека израелската влада „ја изгубила својата разумност и човечност“ во однос на Газа и сигнализираше подготвеност за можни санкции.

„Она што се случува е неприфатливо. Не се соочуваме со воена операција и со колатерална штета, туку со чисто негирање на законот и основните вредности на нашата цивилизација“, изјави министерот за одбрана Гвидо Кросето за весникот Ла Стампа.

„Ние сме посветени на хуманитарна помош, но сега мора да најдеме начин да го принудиме Нетанјаху да размислува јасно, надвор од празните зборови“, додаде тој, цитиран од АФП.

Запрашан за можните меѓународни санкции против Израел, Кросето рече дека „окупацијата на Газа и некои сериозни акции на Западниот Брег означуваат квалитативен скок пред кој мора да се донесат одлуки што ќе го принудат Нетанјаху да размисли“.

„И ова не би бил потег против Израел, туку начин да се спаси овој народ од влада која го изгубила својот разум и човечност. Секогаш мора да правиме разлика помеѓу владите и државите и народите, како и религиите што ги исповедаат. Ова важи за Нетанјаху и важи за (рускиот претседател Владимир) Путин, чии методи веќе станаа опасно слични“, продолжи италијанскиот министер.

Тој зборуваше откако Нетанјаху го бранеше својот план за преземање контрола врз градот Газа, план кој предизвика критики од целиот свет.

Италија одби да им се придружи на другите земји кои рекоа дека ќе признаат палестинска држава, одлука што Кросето ја бранеше, велејќи дека „признавањето држава што не постои ризикува да стане ништо повеќе од политичка провокација во свет кој умира од провокации“.