
Ѓорческа поразена во второто финале во 2025 година
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до втората титула во 2025 година откако денеска е поразена во финалето на ИТФ W35 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до втората титула во 2025 година откако денеска е поразена во финалето на ИТФ W35 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија (награден фонд 30.000 долари). Поуспешна од македонската тенисерка беше првата носителка Романката Мириам Булгару која победи со 2-1 во сетови (5:7, 6:1, 6:0) за 2 часа и 15 минути игра. Ова за Ѓорчесска беше второ сингл финале во 2025 или вкупно 37.мо во кариерата и остана со 14 титули.
Во првиот сет Ѓоречска имаше еден брејк повеќе од противничката и водеше со 5:3, но Булгару изедначи на 5:5 за сепак Лина да стигне до водство од 1-0 во сетови. Но, тука запре нашата тенисерка бидејќи до крајот на мечот во следните два сета успеа да освои само еден гем (вториот сет) што значеше и триумф на романската тенисерка со 2-1 во финалниот меч.
Ѓорческа за пласманот во финалето ќе освои 23 поени, а пријавена е за настап на турнир и следната недела во Куршумлијска Бања од рангот W75 што се игра за награден фонд од 60.000 долари.