Ковачевски: Процесот на проширување на ЕУ не зависи од геополитичките ситуации!

Премиерот Ковачевски верува дека процесот на проширување, чиј дел е и земјава, нема да биде засегнат од усогласувањето на Европската Унија со новото геополитичко опкружување во Европа и моменталните односи по војната во Украина.

„Во моментов тоа се размислувања и концепти кои се уште не се презентирани на Европскиот совет. Новата геополитичка ситуација во светот и во Европа особено со оглед на војната во Украина, секако дека налага ЕУ како најголема заедница на држави во Европа да го размислува својот понатамошен развој. Но, сепак, во ЕУ постои процесот на проширување во којшто процес ние сме дел и секако дека тој процес на проширување којшто е направен според новата методологија, на кластери на отворање на поглавја не треба и јас верувам дека нема да биде засегнат од нормално усогласувањето на ЕУ со новото геополитичко опкружување во Европа и односите коишто ги има во моментов Европа со војната во Украина, но, секако и односите по завршувањето на војната“ – рече премиерот Ковечевски.

Ковачевски го поздрави договорот што го постигнаа СОНК и МОН и посочи дека притоа дијалогот е решение за сите проблеми и предизвици.

„Веднаш штом од СОНК беа доставени барањата до Владата, ние отворивме процес на дијалог со Синдикатот, при што јас и јавно истакнав дека единствен начин да се постигне договор помеѓу работниците, претставени преку синдикатите и Владата е преку социјален дијалог и не отстапивме од тоа. Иако СОНК донесе одлука да оди на штрајк тој дијалог не беше прекинат“ рече Ковачевски и нагласи дека сега има историско зголемување на платите во образовниот сектор за 15 проценти, што заедно со покачувањето во изминатите години од 21 процент, изнесува кумулативни над 36 отсто.

„Досега не се случило да има толкаво покачување на платата на просветните работници. Тие тоа го заслужуваат. Заслужуваат зголемување на платите. Затоа и уште една точка која што е договорено помеѓу МОН и СОНК е воведување на методологија за пораст на платите во 2023 година и исто така учество на синдикатот задно со Министерството, заедно со други министерства во реформите кои мора да следуваат во јавниот сектор и коишто веќе практично се отпочнати и коишто ќе значат и унапредување на образовниот процес, унапредување на условите за работа на наставниците и студентите и секако постигнување на подобри резултати за нашите ученици, коишто се мерат според меѓународни мерења“ – истакна премиерот Ковачевски.