Американец изел над 32.000 „Биг мек“ хамбургери во животот
Американецот Доналд Горске (68) од Висконсин влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек со изедени најмногу „Биг мек“ хамбургери во животот – 32.340.
Тој од 1972 година јаде барем по еден „Мекдоналдс Биг мек“ секој ден, просечно – два на ден.
Првпат ја освои титула за најмногу изедени хамбургери во 1999 година, а оттогаш го надминува рекордот.
Кога бил помлад јадел и до 9 хамбургери на ден, но неговата евиденција забележува дека јаде просечно по два дневно
Еден „Биг мек“ чини просечно околу 6 американски долари.