(Фото) ДЗР до шефот на „Охридски Комуналец“: Се точело дизел гориво во неисправни возила
Во однос на изјавата на директорот на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид, г. Сашо Најдески, во која тој негира одредени наоди утврдени од страна на Државниот завод за ревизија, соопштуваме дека во претпријатието било точено дизел гориво во возила, вклучително и во оние кои се во неисправна состојба или не се евидентирани во сметководството на претпријатието, пишува во демантот кој денеска го испратија до медиумите од Државниот завод за ревизија (ДЗР), како реакција на изјавата на директорот.

„Сметаме за неопходно да ја информираме јавноста точно, прецизно и транспарентно, впрочем како што тоа го правиме во континуитет, навремено, објективно и професионално. ДЗР располага со веродостојна документација и докази кои недвосмислено ги потврдуваат наодите во Конечниот ревизорски извештај од 13.06.2025 година. Надлежни лица од Одделението за експлоатација на возен парк при Секторот механизација на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид, електронски доставија официјална листа на неисправни возила за 2023 година. Врз основа на оваа документација, беше извршена теренска проверка и фотографска евиденција за потврдување на состојбите“, пишува во демантот на ДЗР.
Во однос на потрошувачката на 10.000 литри дизел гориво, како што се додава, за возила кои не се евидентирани во деловните книги на претпријатието, во ДЗР укажуваат дека овие наоди не се однесуваат на возила кои во минатото биле доделени на користење од страна на општина Охрид, како што е наведено во изјавата на директорот.
„Станува збор за други возила, за кои постојат јасни ревизорски докази. Со цел објективно и транспарентно информирање, ДЗР ја објави листата на регистарски броеви на сите возила во кои е точено дизел гориво, вклучувајќи ги и оние кои се во неисправна состојба или не се евидентирани во сметководството на претпријатието. Оваа листа е составен дел од Одговорот на забелешки на нацрт-извештајот, кој е составен дел од Конечниот ревизорски извештај“, се наведува во реакцијата од ДЗР.
Директорот претпријатието „Комуналец“, Сашо Најдески, за ТВ 24 изјави дека не биле точни наодите на ДЗР, дека фирмата книжела точење на дизел-гориво и во возила кои се неисправни. Тој тврди дека имал и документација во прилог на неговото тврдење, но дека ревизорите од нејасни причини не ја зеле предвид.