Грција и Унгарија потпишаа Меморандум за соработка во областа на миграцијата

По официјалното барање поднесено од Унгарија до Министерството за миграција и азил на Грција за обезбедување експертиза во управувањето со нелегалната миграција и за спроведувањето на новиот Пакт за миграција и азил, двете земји во Будимпешта потпишаа Меморандум за соработка, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од Министерството за миграција и азил на Грција, унгарските власти изразиле интерес да ги запознаат своите служби со новите гранични процедури, кои се очекува да се спроведат во јуни 2026 година, со оглед на тоа што по усвојувањето на Пактот на 14 мај 2024 година, сите земји-членки мора да ги усогласат своите системи со конкретни модели и стандарди во однос на разгледувањето на барањата за азил, стандардите за прием, но и интензивирање на враќањата на оние кои немаат право на меѓународна заштита.

– По Западен Балкан, Молдавија, Кипар, Бугарија и Велика Британија во минатото, дојде ред и на Унгарците да побараат оптимални практики од нашата земја, препознавајќи го напредокот што е постигнат во Грција во текот на годините во областа на миграцијата, соопштија од надлежното грчко Министерство.

Додадоа дека во Будимпешта, Министерството за миграција и азил го претставуваа генералниот секретар за миграциска политика, Манос Логотетис и директорот на Службата за азил, Мариос Калеас.