
Вработен во Палестинската Црвена Полумесечина е убиен во израелски напад врз регионалното седиште на организацијата во градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска институцијата. Три лица се повредени.
Нападот предизвика пожар на првиот кат од зградата, соопшти Палестинската Црвена Полумесечина во објава на „Х“.
Триесет и двајца Палестинци беа убиени вчера од израелско гранатирање, вклучувајќи четиринаесет лица кои чекаа храна, објави Цивилната одбрана во Појасот Газа.
Израелската армија, пак, објави дека елиминирала среден командант во структурите на военото крило на радикалната палестинска група „Хамас“.
Војната во Појасот Газа започна со невиден прекуграничен напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година. Според израелските податоци, тогаш биле убиени околу 1.200 луѓе, а 251 заложник биле земени од исламистите во енклавата.
Според информациите од Министерството за здравство на Хамас, најмалку 60.332 Палестинци се убиени во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива.