МВР: Запленета поголема количина брендирана стока без документација

Возачот е уапсен и против него ќе се поднесе кривична пријава, соопшти полицијата.

При преглед во возило на наплатната рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово, pолицијата вчера околу 8 часот запленила поголема количин абрендирана стока без документација.

Возачот од Крива Паланка е уапсен и против него ќе се поднесе кривична пријава.

„На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото ‘ауди’, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ“, соопшти МВР.