
Едно лице загина при уривање на рудник во Елазиг, источна Турција
Едно лице загина при уривање на рудник во селото Палу, покраината Елазиг во источна Турција. Тројца се спасени, објави турскиот весник „Милиет“.
Едно лице загина при уривање на рудник во селото Палу, покраината Елазиг во источна Турција. Тројца се спасени, објави турскиот весник „Милиет“.
Инцидентот се случил вчера.
Уривањето на рудникот е предизвикано од сè уште непознати причини.
Амбулантни возила и екипи од Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби беа испратени во подрачјето на катастрофата по добивањето на извештајот за инцидентот. Вкупно четири работници беа затрупани во уривањето. И покрај напорите, еден од нив почина.
Останатите тројца работници беа спасени.
Министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар им упати сочувство на роднините на починатиот работник.
Во порака на својот профил на социјалната мрежа, министерот изјави дека „министерството започна истрага за да ги открие причините за инцидентот“.