„Еурактив“: Косовските медиуми заробени од корпоративните интереси

Деновите кога Косово важеше за светилник на надеж за демократија на Балканот, сега во голема мера се завршени, што особено е евидентно во медиумскиот сектор. Долгогодишен косовски новинар во изјава за порталот тврди дека ни им било дозволено да известуваат за ништо што може да им наштети на интересите или имиџот на компаниите на сопствениците. 

Во услови кога медиумите во Косово се повеќе се концентрирани во рацете на големите бизнис магнати, нормална појава стана цензурирањето на информациите со цел заштита на интересите на сопствениците, наведува бриселскиот портал „Еурактив“.

Шефовите на медиумските компании во Косово, според „Еурактив“, имаат едноставна стратегија кога станува збор за негативните вести за нивните богати сопственици – не ги објавуваат.

Долгогодишен косовски новинар во изјава за порталот тврди дека ни им било дозволено да известуваат за ништо што може да им наштети на интересите или имиџот на компаниите на сопствениците.

Според  медиумски работници, уредничките насоки се јасно водени од корпоративните интереси, а не од новинарските стандарди и целата структура е дизајнирана да ги заштити деловните интереси на сопствениците.

Според новинарот Агрон Халитај, имало случаи кога новинарите ги имале сите факти за корупција или злоупотреба на власта, но не известувале за тоа доколку „политичките и економските интереси се премногу тесно поврзани“.

– Самоцензурата стана стратегија за преживување, изјавил Халитај за „Еурактив“.

Во текстот се наведува дека и во Извештајот на ЕУ за владеење на правото за 2025 година, се повикува на поголема транспарентност во врска со медиумската сопственост и посилни гаранции за независност на уредувачката политика на медиумите. И во Резолуцијата на Европскиот парламент за Косово од февруари годинава се повикува на „поголема транспарентност во медиумската сопственост и финансирање, со цел зајакнување на медиумската независност и плурализам“.

Генералниот секретар на Европската федерација на новинари (ЕФЈ), Рикардо Гутиерез предупредува на растечка „култура на страв“.

– Редакциите мора да имаат уредничка автономија, вклучително и од нивните сопственици. За жал, ова не е случај насекаде, вели Гутиерез, изразувајќи стравување дека ограничувањето на слободата и независноста на новинарите стана нормална појава.

Косовската Влада воведе дополнителни мерки за заштита од ширењето на епидемијата на Ковид-19, откако последните денови беше забележано видно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот

Норвешкиот медиумски истражувач со косовско потекло Абит Хоџа, за „Еурактив“ вели дека гледа алармантни случувања во Косово.

– Сопствениците на медиумите немаат интерес да градат независни професионални институции, тука сакаат да влијаат врз политичките случувања преку медиумите. Од тоа најмногу страдаат професионалните новинари, смета Хоџа.

Според „Репортери без граници“ во Косово се повеќе расте влијанието на деловните кругови поврзани со политичките елити, што има штетни последици врз независноста на уредувачката политика на медиумите.

– Иако медиумскиот пејзаж на Косово изгледа плуралистички на хартија, новинарите зад сцената даваат поинаква слика: цензурата во служба на економските интереси веќе долго време се смета за нешто нормално, се вели во анализата на „Еурактив“.

Во текстот се наведува дека слободата на медиумите се повеќе е под притисок и оваа „демократска регресија е изненадувачка, особено затоа што Косово долго време се сметаше за тест за изградба на држава во Европа“.

– Но, деновите кога Косово важеше за светилник на надеж за демократија на Балканот, сега во голема мера се завршени, што особено е евидентно во медиумскиот сектор. Во „Светскиот индекс на слободата на печатот 2025“, земјата падна на 99-то место, што е еден од најлошите резултати во Европа, се додава во анализата.

Според порталот, ерозијата на медиумските слободи не само што ја загрозува независноста на медиумите, туку и демократскиот легитимитет на институциите како целина.

– Без ефикасни реформи што би го прекинале преплетувањето на медиумските и деловните интереси, вистината ќе биде турната настрана во корист на профитот и на сметка на процесот на пристапување во ЕУ, заклучува „Еурактив“.