Турција ќе гради 350 куќи за најтешко погодените во пожарите

Турција ќе изгради 350 куќи во областите што беа најтешко погодени од пожарите минатиот месец, објави турскиот министер за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум.

Турција ќе изгради 350 куќи во областите што беа најтешко погодени од пожарите минатиот месец, објави турскиот министер за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум.

Според Курум, по проценките на штетите, утврдено е дека над 630 домови се оштетени во пожарите, кои министерството ќе ги обнови во фази. Реконструкцијата на 350 куќи во провинциите Измир и Билеџик е првиот чекор во овој процес, а изградбата се очекува да започне во рок од еден месец.

Во последните недели, Турција беше погодена од голем број шумски пожари, предизвикувајќи значителна материјална штета при што загинаа десет турски пожарникари.