Апелациониот суд во БиХ ја потврди првостепената пресуда против Додик

Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, изјави дека Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) ја потврдил првостепената пресуда против претседателот на РС.

Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, изјави дека Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) ја потврдил првостепената пресуда против претседателот на РС.

Бубиќ за новинската агенција Срна изјави дека Судот на БиХ го информирал по телефон дека жалбите и на одбраната и на Обвинителството на БиХ се одбиени и оти првостепената пресуда е потврдена во целост.

Со првостепената пресуда, Додик беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење на претседателската функција, поради неспроведување на одлуките на високиот претставник.

Додик беше прогласен за виновен за преземање дејствија од 1 до 9 јули 2023 година во Бањалука, свесно и со знаење дека високиот претставник Кристијан Шмит донел одлука со која се спречува стапувањето во сила на Законот за непримена на одлуките на Уставниот суд на БиХ од 1 јули истата година, како и одлуката со која се спречува стапувањето во сила на Законот за измени и дополнувања на Законот за објавување на закони и други прописи на РС, со цел продолжување на законодавната постапка, без примена и неспроведување на одлуките на високиот претставник.

Првостепената пресуда против Додик беше изречена на 26 февруари оваа година.