
Мицкоски: Остварен историски рекорд на Царината, собрани над 12 милијарди денари за еден месец
Главните два потока со кои се полни Буџетот се приходите кои доаѓаат од Царинската управа и од Управата за јавни приходи, можам да кажам дека заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска имаме личен фокус на работењето на овие институции, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска по посетата на реконструираната Kлиниката за уво, нос и грло со министерот за здравство Азир Алиу.
Царинската управа забележа приходи од над 12,6 милијарди денари за еден месец, што претставува рекорд во историска смисла, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски
Тој на новинарско прашање поврзано со приходите на Царинската управа, кажа дека главните два потока со кои се полни Буџетот се приходите кои доаѓаат токму од Царинската управа и од Управата за јавни приходи, и оти заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, вели, имаме личен фокус на работењето на овие институции.
– Царинската управа успеа да забележи приходи од над 12,6 милијарди денари, што претставува рекорд во историска смисла што не се случил никогаш од кога постои и покрај одредени високи пикови на горивата и нафтените деривати во минатото и покрај просечната цена кои што ја имаат приходите од акцизата кои што се би рекол помали, бидејќи тие ја следат цената на нафтата и нафтените деривати, Царината успеа да забележи повеќе од 10 милиони евра повеќе од минатата година, бидејќи минатата година во јули месец беше прв месец на новиот менаџмент на Царината и стигнаа негде блиску 12 милијарди, оваа година натфрлија 12,6 или нешто над тоа, рече Мицкоски по посетата на реконструираната Kлиниката за уво, нос и грло.
Премиерот, како позитивна вест за работата на Владата ги соопшти зголемените приходи на Управата за јавни приходи, која што, како што рече, има наплатено милијарда повеќе од истиот месец минатата година.
– Истото се случува и во Управата за јавни приходи која што има наплатено милијарда повеќе од истиот месец минатата година, некаде околу 960 милиони. Притоа, имаме поголем нето ефект за 7-8 проценти споредено со минатата година, со тоа што повратот на ДДВ е поголем за 37 проценти споредено со истиот месец минатата година. Ова значи дека се работи на намалување на сивата економија и се работи на зголемување на дисциплината, рече Мицкоски.