
Таравари: Ако не го победиме ВЛЕН повеќе од 2 спрема 1, нема потреба од предвремени избори
-Кога ќе дојде моментот да потпаднам под притисоци, тогаш нема да се занимавам со политика. Да бидете сигурни, само човек кој е апсолутен чист може да оди во опозиција без да му трепне око – вели Таравари.
За локални избори се можни секакви комбинации, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, кој на претстојните локални избори ќе соработува со доскорешните ривали Али Ахмети и Зијадин Села.
Во интервју на Канал 5, тој вели дека очекува наесен заедно со Европскиот фронт во албанскиот блок да освојат повеќе од два спрема еден гласови во споредба со ВЛЕН и воедно посочува дека доколку соодносот е помал воопшто нема да има потреба и логика да се бараат предвремени парламентарни избори.
-Кога ќе дојде моментот да потпаднам под притисоци, тогаш нема да се занимавам со политика. Да бидете сигурни, само човек кој е апсолутен чист може да оди во опозиција без да му трепне око – вели Таравари.
Тој додава дека партијата е стабилна и покрај тоа што дел од неговите сопартијци останаа во Влада.
– Дел од функционерите, околу 15-20, останаа во Владата и веќе се дел од ВЛЕН и јас им посакувам успех. Во структурите на партијата нема некои сериозни оштетувања. Ние сме биле најголемите политички противници на господинот Ахмети и сега се одлучивме да имавме соработка и меѓусебна поддршка во неколку општини.
Во одредени специфични моменти, во политиката може да се направат атипични коалиции. 1998 година, најголеми ривали тогаш беа ДПА и Партијата за демократски просперитет и тогаш се случи коалиција, тие партии излегоа со заеднички листи. Сега се работи за локални избори, Алијанса за Албанците сметаше дека во Владата, посебно Влен не функционира како што треба, беше проект кој не беше одржлив.
Од друга страна ВМРО тоа го искористуваше и ние почнавме да губиме од својот кредибилитет и подобро беше да одиме во опозиција. Нормално е кога си во опозиција да има некаква соработка со други опозициски партии, така што, да, овие избори ќе соработуваме со ДУИ – вели Таравари.