Седлоски: Ова за нас е доста тежок резултат

Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА Вардар по убедливиот пораз од 5:0 од Лозана ги заврши натпреварите во еврокуповите во второто квалификациско коло.

Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА Вардар по убедливиот пораз од 5:0 од Лозана ги заврши натпреварите во еврокуповите во второто квалификациско коло.

– Ние ја завршивме Европа, а на Лозана ѝ посакувам успех. Честитки за Лозана за пласманот понатаму, а ова за сите нас е доста тежок резултат. И за Вардар како клуб и за мене како тренер и за играчите и за навивачите. До првиот гол стоевме добро, но потоа се распаднавме и тим како Лозана не ни го прости тоа – секоја шанса беше гол. Овој настап во Европа беше награда за сите нас, знаеме каде беше Вардар, а каде дојде сега. Во Скопје бевме фантастични, но сега потфрливме. Не треба да бараме виновници, самите сме виновни за тоа, изјави тренерот на „црвено-црните“ Гоце Седлоски на прес конференцијата по дуелот со Лозана.

Вардар се продолжува во домашните натпреварувања првенството и купот каде го брани и трофејот. Во првото коло од шампионатот Вардар игра против Пелистер од 8 до 11.август.