Вицепремиерот на Руската Федерација – Марат Хуснулин синоќа беше во украинската област Херсон и изјави дека таа ќе заземе вредно место во руското семејство.
„Регионот околу пристанишниот град ќе заземе „вредно место во нашето руско семејство“ – рече Хуснулин.
Од 1. мај во тој украински регион Русија ја воведе руската рубља како официјална валута, а пред неколку дена локалната власт инсталирана од Русија ги објави плановите да побара од Москва право да стане дел од Руската Федерација.
Регионалниот проруски вицепремиер – Кирил Стремусов рече дека нема да има референдум и нема опција регионот да стане република. Неодржувањето на референдумот го оправда со тоа што изјаснувањето на населението од полуостровот Крим одржано во 2014 година, не е меѓународно признаено.
Од друга страна, украинската Влада е убедена дека русификацијата на регионот Херсон нема да успее.