
Заев за „Фокус“: Александар Николов никогаш не бил мој шофер, не сум го видел по завршувањето на мојот градоначалнички мандат
„Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено“, истакнал Заев во изјава за „Фокус“.
Откако од МВР за „Фокус“ потврдиле дека синоќа полициски службеници го лишиле од слобода А.Н. поради сомнение за сторено кривично дело, во јавноста излегоа информации дека тој на времето бил шофер или телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев.
„Фокус“ го исконтактирал Заев, кој посочил дека станува збор за лице вработено во општина Струмица.
„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов.
Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено“, истакнал Заев во изјава за „Фокус“.