
Видео снимка со физичка пресметка помеѓу две лица, од кои едното во раце има секира, ги вознемири граѓаните на Струмица откако беше објавена на социјалните мрежи од случајни минувачи.
Според неофицијални информации, инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица.
Ситуацијата ескалира, по што граѓаните што снимале решаваат да се тргнат, стравувајќи за сопствената безбедност.
Покрај снимката, на социјалните мрежи се појавија и коментари кои тврдат дека овој инцидент е кулминација на долгогодишен проблем, поврзан со лица кои агресивно просат во центарот на градот, вознемируваат минувачи и вклучуваат деца во собирање пари.