Вучиќ најавува големи промени во обвинителството и судството

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави „големи промени“ во обвинителскиот и судскиот систем на Србија и нагласи дека „доаѓа време на одговорност“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави „големи промени“ во обвинителскиот и судскиот систем на Србија и нагласи дека „доаѓа време на одговорност“.
„Се плашам дека се движиме кон целосен хаос во кој никој нема да знае што се случува и како се случува и кој што прави, затоа е важно за нас да ја зачуваме стабилноста“, изјави Вучиќ.

По повод 100-те дена од Владата на Србија, чиј премиер е Ѓуро Мацут, тој рече дека очекува „поголем напор и ангажман“ од одредени министри.

„Владата не работеше во лесно време, верувам дека има работи што можат да ги направат уште посилно и уште подобро, тоа беше тешко време во кое можеа да ги покажат своите способности“, рече Вучиќ.