Државата ќе ги поддржи дополнителните скапи интервенции и третмани на повредените од пожарот во „Пулс“

Алиу посочи дека се направени работни групи и во рамки на Влада и на Министерството за здравство, со цел да се направи Стратегија, долгорочна, за како што вели, да може да имаат инфраструктурен, човечки и професионален пристап кон граѓаните во Кочани.

Повредните во пожарот во Кочани ја имаат поддршката од страна на Министерството за здравство и Владата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тој информира дека во наредниот период ќе се гради Центар за протези во Скопје, а повредените млади луѓе кои имаат потреба од дополнителни интервенции и третмани, коишто се скапи, ќе бидат поддржани од државата.

„Свесни сме дека има третмани и процеси коишто чинат и се скапи, но ние како држава сме задолжени за секој граѓанин да им пружиме здравствена заштита, бидејќи тоа ни е законска надлежност. Јас, лично бев во Кочани и сега пред вас велам дека за секој процес, којшто бара финансии, ние ќе излеземе во пресрет. Исто така секој процес, којшто бара импонтирање на знаења ќе направиме такви обуки и секој процес, којшто бара мобилност на нашите граѓани надвор од државата, исто така ќе го поддржиме. Тој процес нема да се заврши брзо, тие се долгорочни процеси и ќе ни треба долгорочен пристап“, порача Алиу од Штип одговарајќи на новинарско прашање, дали државата ќе ги финансира и поддржи повредните на коишто им претстојат скапи естетски интервенции.

Алиу посочи дека се направени работни групи и во рамки на Влада и на Министерството за здравство, со цел да се направи Стратегија, долгорочна, за како што вели, да може да имаат инфраструктурен, човечки и професионален пристап кон граѓаните во Кочани.