Министерот за спорт се оградува од одговорност, ние само помагаме – не сме организатори

Како Влада и Министерство за спорт вложивме над еден милион евра за помош во организацијата на овој спортски фестивал, но тоа е само во делот на тоа што беше побарано од нас од страна на организаторите. Ние немаме апсолутно ништо со организацијата на ЕМОФ 2025, ниту може да имаме затоа што не сме организатори, вели министерот Борко Ристовски.

Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025. Организатори на овој спортски фестивал што се одржува деновиве во Македонија се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје. Сѐ што беше побарано од нас како Влада и како Министерство за спорт во однос на логистика и финансиска поддршка, го исполнивме во целост за да помогнеме во одржувањето на овој спортски настан, се огради министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашното гостување во Дневникот на МТВ, по информациите за скандалозно лошата организација на младинмската олимпијада во Скопје, за која јавноста дозна дента кога почна да се одржува.

Младите спортисти се жалат на храната, деа не е добра, на сместувањето, чекаат автобуси на постојките на 40 степени за да стигнат да се натпреваруваат, двајца велопедисти беа удрени со автомобил, има информации за голем бој колабирани бидејќи нема соодветно ладење во спортските објекти, а некои добиле и труење од храна.

-Мораме да спиеме во еден кревет, односно во брачен кревет со тренерот, значи двајца спиеме во таков кревет. Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблем и со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Имаме проблем и со жештината во собата, нема клима”, изјави вчера за Телма една одбојкарка.

Сепак, според Ристовск,државата преку Министерството за спорт финансиски го помогнлаа одржувањето на ЕМОФ 2025 со над еден милион евра и ги ставила на располагање дел од сместувачките капацитети во студентските домови во Скопје.

– Сите оние капацитети што ги има државата беа дадени на користење и сите оние барања кои беа доставени и од Град Скопје и од МОК ги исполнивме во целост. Ние како Влада и Министерство за спорт вложивме над еден милион евра за помош во организацијата на овој спортски фестивал, но тоа е само во делот на тоа што беше побарано од нас од страна на организаторите. Ние немаме апсолутно ништо со организацијата на ЕМОФ 2025, нити може да имаме затоа што не сме организатори. Во последен момент МОК и Град Скопје побараа поддршка од нас и помош и ние тоа во целост го исполнивме, потенцира министерот Ристовски.

Во изминативе денови имаше бројни реакции околу пропустите во организацијата на овој голем спортски настан најчесто упатени на погрешна адреса.

– Јас сум свесен за реакциите, но мора сите луѓе и јавноста да знаат дека оваа организација е добиена пред две години и дека ниту тогашната ниту актуелната Влада нема потпишано никаква согласност дека ќе даде поддршка за одржување на вакво големо натпреварување од светски карактер во Македонија. Ние како Министерство за спорт сме затекнати во оваа ситуација и она што можевме да направиме беше да помогнеме во тоа што беше побарано од нас, рече Ристовски.

Министерот за спорт нагласи дека вакви сериозни натпреварувања се организираат најмалку две години и дека организаторите мора навремено да ги опфатат сите аспекти за да нема посериозни пропусти.

– Ние пристапивме во таа помош во последните два месеци кога тоа беше побарано од нас. Владата одобри финансиски средства и помош за организација. Обезбедивме 50 автобуси што беа побарани од нас, обезбедивме 150 кревети кои беа побарани за да се стават во студентските домови за да бидат потполно опремени како што ни побараа организаторите, обезбедивме кетеринг за дел од делегациите и ги дадовме на располагање сите оние државни капацитети во студентските домови без надоместок.

Ристовски смета дека сите учесници на оваа спортска манифестација требаше да бидат сместени во хотели. Исто така, навремено укажа дека според начинот на кој се постапува ќе има многу недостатоци во организацијата.

– Ситуацијата е таква каква што е. Ние во овој момент правиме сѐ што е во наша моќ да ги „подзакрпиме“ тие дупки што се настанати од организаторите. Мора да бидеме свесни дека настан од ваков формат треба да донесе бенефит за македонскиот спорт, прво и основно со самиот факт што на оваа европска спортска манифестација Македонија како домаќин е застапена со рекордни 181 спортист во сите 15 спортови.

Од 20 до 26 јуни во Скопје и во Куманово се одржува ЕМОФ 2025 на кој настапуваат над 4000 млади спортисти од 49 европски земји.