Сè пожестоки судири меѓу Камбоџа и Тајланд – досега 33 загинати

Судирите на границата меѓу Камбоџа и Тајланд продолжуваат, при што вкупниот број на загинати од двете страни достигна 33, соопштија властите во двете земји.

Судирите на границата меѓу Камбоџа и Тајланд продолжуваат, при што вкупниот број на загинати од двете страни достигна 33, соопштија властите во двете земји.

Пном Пен го повика Тајланд на „итно примирје“, додека и двете страни се повикуваат на самоодбрана и бараат прекин на огнот и почеток на преговори.

Долготрајниот граничен спор овојпат ескалираше во вооружени судири со борбени авиони, тенкови и артилериски оган – најжесток конфликт од 2011 година, поради што Советот за безбедност на ОН свика итна седница.

Според Министерството за одбрана на Камбоџа, загинале 13 лица, а 71 се ранети. Тајландската армија објави дека вчера загинале петмина војници, со што вкупниот број тајландски жртви достигна 20 (14 цивили и шест војници).

Сегашниот број на жртви го надминува оној од конфликтот во периодот 2008–2011 година, кога загинаа 28 лица.

Судири се пријавени денеска околу 05:00 часот по локално време. Пном Пен обвини дека Тајланд истрелал „пет тешки артилериски гранати“ врз објекти во провинцијата Пурсат.