Лавров: Ако влезат Финска и Шведска во НАТО нема ништо да се промени!
Министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров изјави дека влегувањето на Финска и Шведска во НАТО веројатно нема ништо важно да промени, ако се има предвид дека и двете земји долго време тесно соработуваат со Алијансата и учествуваат на заедничките воени вежби.
„Финска и Шведска, како и други неутрални земји, веќе долга низа години учествуваат во воените вежби на НАТО. НАТО ја зема предвид нивната територија кога го планира военото настапување на истокот. Така што, во таа смисла веројатно нема да има голема разлика. Погледнете како нивната територија како нивната територија се користи во практиката во Северноатлантскиот сојуз“ – рече Лавров.