По тајните руско-украински преговори за евакуација, над 250 украински борци излегоа од челичарница „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол.
Засега украинската војска не го користи зборот предавање, а целата операција се опишува како обид за спасување што е можно повеќе животи.
„Напорите да се вратат момците дома продолжуваат и тоа бара деликатност и време“ – изјави украинскиот претседател – Володимир Зеленски.
Во болница во Новоазовска веднаш се пренесени 53 тешко ранети војници, а над 210 преку хуманитарен коридор заминале кон Оленивка.
И двата града се на територија на Донбас која е под контрола на проруски бунтовници.
„За нивно враќање дома, ќе биде направена размена“, изјавија од украинското МО.
Претседателот Зеленски додаде дека војниците биле евакуирани на територија под контрола на сепаратистите со цел да се спасат нивните животи.
„На Украина ѝ се потребни живи украински херои“ – изјави тој.