Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија
Мекдоналдс ја напушта Русија и започнува процес на продажба на своите ресторани во оваа земја, јави „Би-Би-Си“.
Ланецот ресторани за брза храна се одлучил на ваков чекор поради „хуманитарната криза“ и „непредвидлива работна средина“ предизвикани од војната во Украина, јавуваат надлежните.
Од компанијата појаснуваат дека поседување бизнис во Русија „веќе не е издржано“ и не е во согласност со нејзините вредности.
Во март, Мекдоналдс информираше за привремено затворање на своите околу 850 ресторани во земјата.