Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент, реагира СДСМ

Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев, со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани, се виновни за оваа состојба. СДСМ ја извојува победата во Брисел со Преговарачката рамка во која е наведен македонскиот јазик, како и со потпишувањето на Договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик – без никакви придавки, фусноти и ѕвездички. Тоа беше јасна победа за Македонија и за граѓаните, која Мицкоски никогаш не ја призна. Тој беше разочаран, молчеше и не се радуваше – сега е јасно зошто“.

Опозициската СДСМ денеска преку соопштение изјави дека „најголем непријател на македонскиот јазик, култура и идентитет е Христијан Мицкоски“, откако во нацрт извештајот е избришан делот од амандманот за македонскиот јазик и идентит.

„Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен македонски јазик на македонскиот народ.

Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев, со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани, се виновни за оваа состојба.

СДСМ ја извојува победата во Брисел со Преговарачката рамка во која е наведен македонскиот јазик, како и со потпишувањето на Договорот за ФРОНТЕКС на чист, единствен и признаен македонски јазик – без никакви придавки, фусноти и ѕвездички. Тоа беше јасна победа за Македонија и за граѓаните, која Мицкоски никогаш не ја призна. Тој беше разочаран, молчеше и не се радуваше – сега е јасно зошто“.

СДСМ додава дека по една година власт, Мицкоски решил победата да ја претвори во пораз, воден од лични интереси и потреба за политичка кампања. „За жал, ваквото врховистичко однесување на Мицкоски, потпомогнато од Андреј Ковачев и пратениците на ЕПП во Европскиот парламент, доведе до тоа повторно да ѝ се оспорува на Македонија идентитетот и јазикот.

„Мицкоски треба веднаш да се извини пред македонскиот народ за лажните ветувања и да сноси политичка одговорност за тоа што го избриша македонскиот јазик од извештајот на Европскиот парламент“.