
Мицкоски за постигнатиот напредок за железничкиот Коридор 8: Така треба да се гради доверба
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок меѓу Скопје и Софија за доизградбата на Коридорот 8. Посочи дека така треба соседите да градат доверба.
Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок меѓу Скопје и Софија за доизградбата на Коридорот 8. Посочи дека така треба соседите да градат доверба.
-Што се однесува до Коридорот 8, јас се радувам и би рекол аплаудирам на постигнатиот напредок, којшто го имаа на состанокот потпретседателот на Влада и министер за транспорт, Николоски, со неговиот колега од бугарската Влада. Тоа е чекор напред. Така треба да градат доверба соседи, заеднички да реализираат проекти, да ги надминуваат потенцијалните предизвици. Мислам дека е огромна порака, вели Мицкоски.
Премерот Мицкоски очекува веќе следната недела, во Брисел на техничко експертско ниво да се разговара за деталите и како што рече „очекуваме тука исто така да излезе во пресрет и самата ЕУ, и тој тунел којшто претставуваше пречка, да го финансира преку грант“.
Прашан и за понудите за изградба на Коридорот 10, Мицкоски одговори дека до 7 јули се очекува да пристигнат понуди од финансиски институции.
-Сега не би коментирал дали има пристигнато, да почекаме, недела дена се во прашање, не е премногу, подвлече Мицкоски.