Граѓаните поставуваат барикади низ цела Србија, контејнери на улиците од Белград до Ниш

Граѓаните поставуваат барикади низ цела Србија, контејнери има на улиците од Белград до Ниш. Тоа е реакција на одговорот на власта во Белград која, ден по големиот протест за Видовден, почна со масовни апсења на граѓани, студенти и активисти.

Граѓаните поставуваат барикади низ цела Србија, контејнери има на улиците од Белград до Ниш. Тоа е реакција на одговорот на власта во Белград која, ден по големиот протест за Видовден, почна со масовни апсења на граѓани, студенти и активисти.

Затоа, студентите и граѓанските собранија започнаа акции на „граѓанска непослушност“, односно ги блокираа главните улици низ Белград, како и во Нови Сад. Во исто време, Студентите најавија нов собир пред зградата на Вишото јавно обвинителство, а и други градови ги објавија своите верзии на протестот.

„Предвидено е блокирање на кружниот тек Турбо. Граѓаните носат контејнери, спроведувајќи го она што студентите го повикаа вчера, а тоа е општа граѓанска непослушност. Не е познато колку долго ќе трае блокадата и како ќе изгледа сето ова вечерва“, вели репортерот на Н1.

Паралелно во Белград е во тек полициска операција за апсење на студентите кои учествуваа на вчерашниот протест. Медиумите известуваат дека апсењата се нарачани од Вишото јавно обвинителство во Белград и дека досега се уапсени четворица студенти. Неформална група студенти од Ниш објави на својот Инстаграм профил дека во Белград е уапсен студент од Правниот факултет во Ниш.

„Мојот колега Димитрије Димиќ штотуку беше приведен од непознати лица кои одбија да се идентификуваат и да ја наведат законската основа за неговото лишување од слобода. Тој беше насилно однесен во полициската станица во Нови Београд“, се вели во објавата на групата.

Властите тврдат дека тие планирале и подготвувале напад врз државните институции, блокади на патиштата, уривање на градилиштето Експо и други видови насилство со цел да предизвикаат хаос во земјата и насилно да го променат уставниот поредок.
Блокади има во Белград, Нови Сад, Земун и Ниш и не се знае кога ќе завршат.Белградски медиуми јавуваат за најмалку 10.000 луѓе кои излегле на протести доцна попладнево низ населби низ Белград.

Министерството за правда соопшти дека изјавите на учесници во студентската блокада дека нивните колеги наводно биле „однесени од парадржавни структури“ се невистинити и злонамерни.