СДСМ го прашува Мицкоски зошто молчи за 150-те дивоградби во Чаир
СДСМ смета дека власта ја штити урбаната мафија и криминалот со дивоградбите. Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје изјави дека повеќе од 150 дивоградби се пријавени во општина Чаир и дека доказите се јавно објавени.

-Станува збор за масовна урбана мафија, над 150 објекти изградени без дозволи, без основни услови за безбедност, без гаранција за запазени стандарди во градење. Објекти, за кои постои основано сомневање дека се на диво приклучени во мрежата на ЕВН. А, што прави МВР на Тошковски, што прави власта на ВМРО-ДПМНЕ? Нема абер за отворање постапки против никого. Министерот Панче Тошковски замижува, Мицкоски не смее да писне.
Во Македонска Каменица, е поднесена кривична пријава за граѓанин кој само си го менувал покривот. За еден случај во Македонска Каменица поднесена е кривична пријава, а за над 150 дивоградби во Чаир ништо. Нема поголем доказ за селективноста и штитењето на криминалот.
Власта ги штити бизнис интересите на урбаната мафија и на своите коалициски партнери. Зошто премиерот Христијан Мицкоски молчи? До кога ќе коленичи пред ВЛЕН?
Дали и Мицкоски е влезен во оваа криминална шема? СДСМ бара итна истрага за целиот случај и одговорност од сите вклучени. Ако државата навистина е правна, тогаш нема недопирливи – ниту градоначалници, ниту советници, никој, порача таа.