Генералот Николовски, на изборите ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ-каде што е власта таму треба да бидеме и ние

„Ние како Партија на пензионери досега бевме дел од коалицијата со СДСМ. Водевме дискусија во извршниот и централниот одбор. Од 100 присутни членови, само неколкумина предложија да настапиме самостојно, ниту еден не беше за останување со СДСМ, а дури 90% се изјаснија за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е јасна, да одиме со власта“, изјави за медиумите Николовски.

Каде што е власта таму треба да бидеме и ние.

Ова е идеологијата на Партијата на пензионерите и нејзиниот претседател, генералот во пензија, Илија Николовски.

Партијата на пензионери официјално соопшти дека излегува од досегашната коалиција со СДСМ и дека на наредните локални избори ќе настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Николовски изјави дека таквата одлука била донесена врз основа на волјата на членството. Тој нагласува дека 90 отсто од членовите се изјасниле дека сакаат коалиција со актуелната власт.

„Ние како Партија на пензионери досега бевме дел од коалицијата со СДСМ. Водевме дискусија во извршниот и централниот одбор. Од 100 присутни членови, само неколкумина предложија да настапиме самостојно, ниту еден не беше за останување со СДСМ, а дури 90% се изјаснија за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е јасна, да одиме со власта“, изјави за медиумите Николовски.

Тоа значи дека идеолошки пензионерите се максимално растегливи. Но Николовски и неговата партија на изборите во 2016 година не отидоа со власта, туку тогаш беа заедно со опозициската СДСМ. Повеќе нивни кандидати сѐ уште се советници во одредени општини како дел од коалицијата на СДСМ во 2021.

Партијата на пензионери ќе учествува на локалните избори со свои листи за советници во неколку општини, а во Карбинци ќе настапат и со кандидат за градоначалник.

Партијата немало да бара само повеќе советнички места, туку сака учество и во извршната власт на државно ниво – министерски и директорски позиции.