Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Главната цел на законот е да гарантира „забрзана и поедноставена набавка на опрема за германските вооружени сили“, објави медиумот Ханделсблат, повикувајќи се на министерски кругови.

Германската влада сака да го забрза купувањето оружје и друга одбранбена опрема за да осигури дека земјата е способна да се спротивстави на какви било закани од Русија, се наведува во нацрт-законот во кој увид имаше ДПА.

Главната цел на законот е да гарантира „забрзана и поедноставена набавка на опрема за германските вооружени сили“, објави медиумот Ханделсблат, повикувајќи се на министерски кругови.

Во согласност со тие документи, во иднина одредени итни договори повеќе не треба да се објавуваат на европско ниво, туку само на национално ниво, што треба да придонесе за заштеда на време.

Треба да биде можно да се додели договорот по спроведениот тендер, дури и доколку договорот не се реализира, а понудувачот покрене одредени правни постапки против него.

Досега, поради процедурални проблеми во некои случаи, набавката на оружје се одложуваше со години.

Во исто време, законодавците можат да ја започнат постапката за набавка дури и ако сè уште не се обезбедени финансиски средства. Покрај тоа, одредени барања за поднесување на документација се олеснети со цел да се намали бирократскиот дел од работата.

Поради војната во Украина, германската Влада инвестира значително повеќе средства во модернизација на армијата и во зголемување на залихите на оружје.

Воените трошоци се делумно ослободени од должничката кочница – строги уставни правила на Германија за задолжување – а годишниот буџет за вооружените сили се очекува да се зголемува од година во година во согласност со новата цел на НАТО од пет проценти договорена оваа недела во Хаг.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди на лажното чувство на безбедност во Германија и повика на поголеми одбранбени напори за време на денешната посета на војската.

Во своето обраќање до Оперативната команда на вооружените сили, Мерц ја истакна актуелната војна на Русија против Украина.

„Не смееме да ја земаме нашата безбедност здраво за готово. Мора да направиме повеќе за да обезбедиме дека можеме да живееме во слобода, мир и безбедност.“