Александар Вучиќ – претседателот на Србија изјави дека неговиот нов претседателски мандат мора да започне до 31 мај и дека размислува за составот на новата влада, но и за новиот мандатар.
„Се надевав дека заклетвата ќе ја дадам пред новото Собрание, но може да биде и пред старото, но мојот мандат мора да биде прогласен на 31 мај. Размислувам за тројца, четворица мандатари. Не баш, многу поважно ми е тоа да се тоа луѓе кои ќе се борат за интересот на државата, а не да се водат од сопствените интереси“ – изјави Вучиќ.
Тој изјави дека Србија многу трпи поради невоведувањето санкции кон Русија и дека животот би бил десетпати подобар ако го стори тоа, но дека нема, бидејќи води независна политика.
„Сите ќе кажат дека Вучиќ најавува воведување санкции. Не, ние ќе се бориме додека можеме да ја задржиме нашата политика и таа политика ја водиме не затоа што имаме нешто од ненаметнување санкции. Бидејќи ќе слушам експерти дека тоа е поради цената на гасот, која е милијарда, а ние губиме повеќе милијарди на ова, да не зборувам за помалото доаѓање на директни инвестиции и дека седум американски продуценти и актери одбија да дојдат да снимаат филмови затоа што не воведовме санкции кон Русија“ вели Вучиќ.
Тој повтори дека Србија знае колку се неправедни санкциите и дека Србија сето тоа го прави поради почитување на правата, но порача и дека народот треба да знае дека државата губи многу поради тоа што не воведува санкции кон Русија.