
По 1.000 денари месечно за струја за семејства во ризик
Постапката за проверка е спроведена врз основа на потпишаните Меморандуми за соработка со Управата за јавни приходи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што се овозможи точна и ефикасна верификација на доставените податоци.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши проверката на сите пристигнати барања поднесени по Јавниот оглас за доделување на финансиска поддршка на лица кои припаѓаат на категоријата на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година.
Постапката за проверка е спроведена врз основа на потпишаните Меморандуми за соработка со Управата за јавни приходи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што се овозможи точна и ефикасна верификација на доставените податоци.
На веб-страницата на Министерството https://energy.gov.mk објавен е списокот на сите одобрени баратели: линк -Известување за објавување на список на добитници на финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година.
Според резултатите:
• 313 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост ќе добиваат месечна поддршка од 1.000 денари, почнувајќи од март 2025 година.
• 94 згрижувачки семејства исто така го стекнуваат правото на финансиска поддршка.
Поддршката се исплаќа во форма на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија, во траење од 12 месеци, сметано од денот на поднесување на барањето.
За оваа намена, Министерството ќе издвои приближно 5 милиони денари од Буџетот за 2025 година, како директна поддршка за оние на кои им е најпотребна.
Дополнително, Министерството веќе достави предлог до Владата за нова Програма со која се предвидува проширување на опфатот на ранливите категории граѓани, што ќе овозможи уште поголем број семејства да добијат поддршка во 2025 година.
Новиот јавен оглас се очекува да биде објавен наскоро.