(Видео) Во Трилинг со Ангелов, Стојковски, Огњаноска Ставровска, Грозданов и Минчева Андонова

Во „Трилинг“ со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет, аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“, актерката Марија Минчева Андонова и аналитичарот и колумнист Виктор Грозданов.

-Жижата со летните горештини се разгорува. Државата располага со четири функционални хеликоптери, како и три ер-трактори што не секогаш се функционални. Нема и пилоти. Дали од проектите во општините барем една иницирала купување на противпожарни возила, во „Трилинг“ со Стојанче Ангелов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-Одржан долгонајавуваниот НАТО самит во Хаг. Европарламентот соочен со извештајот за Македонија. Иранско-израелскиот судир од латентен прерасна во конфликт прерасна со вмрежување на интересите на најмоќните. Со реакциите по самитот на Алијансата за „Трилинг“ со д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет и аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“.

-За тоа во какво време живееме, гневот, револтот, незадоволството кај луѓето, состојбите во центрите за култура и театарот со актерката Марија Минчева Андонова.

-Во време на затегнати воено-политички процеси рудните ресурси се значаен потенцијал за државата. Наш хендикеп е што сите рудници во Македонија се во сопственост на странски тајкуни со руско-бугарско деловно портфолио. На овие теми со аналитичарот и колумнист Виктор Грозданов.

Интервјуата со директорот на на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, д-р Лепосава Огњаноска Ставровска од Меѓународен балкански универзитет, аналитичарот Андреја Стојковски од „Преспа институтот“, актерката Марија Минчева Андонова и аналитичарот и колумнист Виктор Грозданов гледајте ги вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.