„Македонија е „симбол на стратегиско трпение“: Тркалезна маса во МАНУ за европската иднина на Западен Балкан

Северна Македонија и земјите од Западен Балкан се наоѓаат во клучен момент за нивната европска иднина, беше порачано на тркалезната маса на тема „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ“, организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, ЕЦПД РИДС Скопје и Дипломатскиот клуб Скопје. Главната порака беше дека проширувањето на ЕУ не е само демократски процес, туку геополитичка неопходност.

Северна Македонија и земјите од Западен Балкан се наоѓаат во клучен момент за нивната европска иднина, беше порачано на тркалезната маса на тема „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ“, организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, ЕЦПД РИДС Скопје и Дипломатскиот клуб Скопје. Главната порака беше дека проширувањето на ЕУ не е само демократски процес, туку геополитичка неопходност.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, истакна дека процесот на проширување не е само формалност, туку е геополитичка потреба.

-Северна Македонија е подготвена, но очекуваме реална интеграција, не вечна чекалница. Европската иднина мора да биде заедничка, но и праведна, заснована на резултати, реформска посветеност и меѓусебна доверба, рече Муртезани.

Таки Фити, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“, нагласи дека „темата е извонредно значајна и актуелна“, посочувајќи дека „геополитиката се менува неверојатно брзо, а индексот на геополитички ризик е во постојан пораст од 2019 година“. Тој предупреди дека „меѓународното опкружување станува сè понеповолно и работите се комплицираат“.

Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб Скопје, оцени дека проширувањето е инвестиција кон посилна Европа, а Северна Македонија е „симбол на стратегиско трпение“. Според него, „нашите млади и нашето општество заслужуваат кредибилна ЕУ перспектива“.

-Проширувањето е клуч за обезбедување мир, стабилност и да враќање на вредностите на кои се заснова ЕУ, рече тој.

Проф. д-р Никола Поповски, декан на ЕЦПД РИДС Скопје, предупреди на зголемените глобални тензии и милитаризација.

-Светот пулсира со многу брзо, дури и жестоко темпо. Новите регионални војни започнуваат ненадејно, но и брзо завршуваат“. Трошоците за одбрана растат драстично – од 2% на 5% од БДП, што никогаш не завршува мирољубиво, посочи тој.

Тркалезната маса, одржана во Македонската академија на науките и уметностите, имаше за цел да ги анализира промените во глобалната геополитика и нивното влијание врз политиката на проширување на ЕУ. Во фокусот беа перспективите на Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан, во контекст на новиот наратив на ЕУ за проширувањето како геостратешка инвестиција во мир, безбедност и стабилност.