Пад на акциите во Азија, се зголемуваат цените на нафтата
Цените на акциите на азиската берза паднаа бидејќи инвеститорите останаа небезбедни поради појавата на новиот сој на коронавирусот. Цените на нафтата, пак, надоместија дел од загубите во петокот.
Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI беше намален за 0,2 отсто, а во петокот паѓаше и до2 отсто.
По остриот пад на берзанските индекси во петокот, пазарите се уште се неизвесни. И цените на акциите на локалните авиокомпании и туристички компании опаднаа.
На валутните пазари вредноста на доларот неутрализираше дел од загубите од петокот, кога падна за 0,7 отсто.
Цените на нафтата утрово значително пораснаа, откако во петокот потонаа за повеќе од 11 отсто.