
Гроси: Соработката на Иран со МААЕ е обврска на официјален Техеран
„Соработката на Иран со МААЕ во врска со неговата нуклеарна програма останува обврска за иранските власти“, рече Гроси во интервју за француската државна телевизија Франс 2 откако иранскиот Парламент вчера гласаше за прекин на соработката со МААЕ.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека соработката на Иран со оваа организација е обврска.
„Соработката на Иран со МААЕ во врска со неговата нуклеарна програма останува обврска за иранските власти“, рече Гроси во интервју за француската државна телевизија Франс 2 откако иранскиот Парламент вчера гласаше за прекин на соработката со МААЕ.
Гроси рече дека соработката на Иран со МААЕ не е услуга, туку законска обврска на официјален Техеран сè додека Иран е потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ).