Украинскиот претседател – Володомир Зеленски рано утринава, веднаш по победата на Украина на Евровизија најави дека тие ќе дадат се од себе наредната година оваа манифестација да се одржи во пристанишниот украински град Мариупол кој претрпе огромни штети од руската инвазија.
„Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По третпат во својата историја. И верувам – не е последен. Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол. Ослободен, мирен, повторно изграден!
Ви благодариме што победивте со оркестарот Калуш и на сите што гласаа за нас! Сигурен сум дека нашиот победнички акорд во битката со непријателот не е далеку“ – напиша Зеленски на социјалната мрежа Фејсбук.