18-годишник убил 10 луѓе во супермаркет во Бафало

ФБИ информира дека 18-годишниот Пејтон Гендрон од малиот град Конклин, во Њујорк патувал 300 километри до Бафало и таму отворил оган во супермаркетот „Топс“, при што убил 10 луѓе, а повредил тројца. Единаесет од жртвите се Афроамериканци.

Напаѓачот и се предал на полицијата и е во притвор. Полицијата верува дека тој вооружен со автоматска пушка, дејствувал сам, а неговиот чин ќе биде истражен како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.

Гендрон злосторството го пренесувал директно на интернет сервисот „Твич“ преку камера што ја поставил на кацигата. Тој бил тешко вооружен, во воена опрема и со панцир, соопшти полицијата.

Американските медиуми пренесуваат дека тој убил четири лица на паркингот, а потоа се судрил со обезбедувањето на супермаркет со кои во размена на оган го погодиле со куршум, но бил заштитен со панцир. Чуварот подоцна бил смртно застрелан, а останатите жртви ги убил во супермаркетот.