Претседателот на Русија – Владимир Путин денеска телефонски разговарал со финскиот колега – Саули Нинисто, при што истакнал дека би било грешка ако Хелсинки се откаже од неутралниот статус и се придружи на НАТО, соопшти официјален Кремљ.
Иако Финска не се соочува со безбедносни закани, сепак потенцијалната промена во нејзината надворешнополитичка позиција може негативно да влијае на билатералните односи помеѓу двете земји, истакна Путин.
Тој го информирал колегата Нинисто дека преговорите со Киев практично се стопирани и оти украинската страна не е заинтересирана за сериозен и конструктивен дијалог.
Телефонскиот разговор беше реализиран на барање на Нинисто.
Тој по разговорот со Путин истакна дека по руската инвазија драстично се променило безбедносното опкружување на Финска поради што земјата одлучила во следните денови да побара членство во Алијансата.