
Сириските власти уапсија шест лица за нападот врз црквата во Дамаск
Објавата доаѓа само неколку часа откако привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, вети дека ќе ги изведе пред лицето на правдата поврзаните со „грозоморниот“ напад, што беше осуден од Обединетите нации и многу земји, вклучувајќи ги САД и Франција, и повторно ја разгоре загриженоста кај малцинствата во земјата.
Сириските власти синоќа објавија дека уапсиле шест лица вмешани во самоубиствениот напад врз православната црква во Дамаск, во кој во неделата загинаа најмалку 25 лица.
Властите додадоа дека две лица вмешани во нападот се убиени.
Објавата доаѓа само неколку часа откако привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, вети дека ќе ги изведе пред лицето на правдата поврзаните со „грозоморниот“ напад, што беше осуден од Обединетите нации и многу земји, вклучувајќи ги САД и Франција, и повторно ја разгоре загриженоста кај малцинствата во земјата.
Безбедноста останува еден од најголемите предизвици за новите сириски власти, кои беа повикани од меѓународната заедница да ги заштитат малцинствата и да ги вклучат во процесот на транзиција.
Сириското Министерство за внатрешни работи објави дека „бомбаш самоубиец поврзан со терористичката група (Исламска држава) влегол во црквата Мар Елијас (Свети Илија) во населбата Двела, во Дамаск, отворил оган и се разнел со експлозивен појас“.