Полуматуранти од Гостивар го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во медицинското училиште

Педесетте ученици кои се примени, имаа ист број поени како и 23-те што отпаднале. За да се реши состојбата, Министерството за образование и култура (МОН) денеска организираше квалификациски тест за овие ученици, но родителите се спротивставија на ваквиот исход. Родителите влегоа во училиштето со петиција која му ја врачија на директорот.

Дваесет и три завршени основци го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во средното медицинско училиште и не полагаа. Нивните родители се револтирани, бидејќи како што кажаа, нивните деца ги исполниле условите и со максимален резултат од 75 бодови, а не беа примени во јунскиот рок за насоката медицински сестри во Средното медицинско училиште во Гостивар.

Од училишната управа информираа дека станува збор за нова програма за која беа предвидени 50 места за настава на албански јазик, а бројот на ученици што се пријавија надмина 100.

Педесетте ученици кои се примени, имаа ист број поени како и 23-те што отпаднале. За да се реши состојбата, Министерството за образование и култура (МОН) денеска организираше квалификациски тест за овие ученици, но родителите се спротивставија на ваквиот исход. Родителите влегоа во училиштето со петиција која му ја врачија на директорот.

Родителите бараа тестирањето да се откаже и според нив, постојат алтернативни начини.

– Нема реална основа за тестирање на нивните способности врз основа на дополнителни проценки. Краткиот рок за подготовка, психолошкиот притисок врз учениците веднаш по завршувањето на основното образование и пред важна животна одлука, претставува голем товар за нивното ментално здравје и придонесува за зголемена вознемиреност, изјави Бељур Мустафа од Советот на родители.

Родителите рекоа дека доколку нивните барања не бидат прифатени, ќе преземат чекори пред надлежните институции.

Шпенди Бајрами, педагогот во СОМУ, рече дека управата пред десетина денови побарала од Министерството за образование и наука, отворање на уште една паралелка, но како што напомна, не добиле одговор.

– Како училиште сме обврзани да го спроведеме формалниот аспект на што нè обврзува законот. Веруваме дека можеме да најдеме компромис за отворање нова паралелка што нема да претставува финансиски проблем. Имаме и кадар и просторни услови, рече Бајрами. Како опција која им е понудена на родителите е 23 ученици конкурираат за насоките лабораториски асистенти или забни техничари