
Израел изврши голем напад врз Техеран: Погодени се болница и државна телевизија
Снимките покажуваат како биле погодени неколку области во Техеран. Медиумите известуваат дека покрај Техеран, биле нападнати и неколку други градови во Иран. Иранскиот „Нурњуз“ известува дека Израел нападнал област во близина на иранската Црвена полумесечина, објавува Ројтерс.
Израелските воздухопловни сили започнаа серија напади врз ирански воени цели во Техеран, објави израелската војска.
Како што објави Ал Џезира, најмалку три големи воздушни напади беа пријавени во северниот дел на Техеран.
Истиот извор известува дека болницата била нападната со мал дрон.
Снимките објавени на интернет покажуваат густ облак од чад над делови од главниот град на Иран.
Massive smoke cloud in Tehran now. pic.twitter.com/OzahK6mcsK
— Clash Report (@clashreport) June 23, 2025
Снимките покажуваат како биле погодени неколку области во Техеран. Медиумите известуваат дека покрај Техеран, биле нападнати и неколку други градови во Иран.
Иранскиот „Нурњуз“ известува дека Израел нападнал област во близина на иранската Црвена полумесечина, објавува Ројтерс.
„Нурњуз“ исто така објави неколку големи експлозии слушнати во иранскиот главен град.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац, исто така, зборуваше за најновиот напад:
„Израелските одбранбени сили (ИДФ) сега напаѓаат режимски цели и владини репресивни сили во срцето на Техеран со невиден интензитет. За секоја ракета испукана кон домашниот фронт на Израел, иранскиот диктатор ќе биде казнет, а нападите ќе продолжат со полна сила“, рече тој.
Clach Report известува дека зградата на иранската државна телевизија била исто така погодена, а преносот во живо бил прекинат.
Порано утрово, Иран лансираше неколку балистички ракети кон израелски градови. Израелската армија тврди дека имало „шест или седум“.
Бидејќи ракета оштетила електрана на југот од земјата, електричната енергија снемала во неколку градови. Сирените за тревога повторно се огласиле во неколку региони на Израел по кратка пауза.