Уапсен вработениот во Народна банка, посочен дека го уништил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

Од Обвинителството потврдија дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија. Се работи за лице со иницијали З.Д.

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого Велибор Манев, еден од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска во судница рече дека е „човекот што го уништил пиштолот со кој Љупчо Палевски ги убил Вања и Панче“.

Од Обвинителството потврдија дека лицето е лишено од слобода и дека се преземаат и други дејствија. Се работи за лице со иницијали З.Д.

Манев рече дека се чувствува засрамен, се кае дека бил изманипулиран од Палевски.

Манев го откри лицето кое го уништило ранецот со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче