Шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан е нов претедател на ОАЕ
Шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан (61) е новиот претседател на Обединетите Арапски Емирати, соопштија денеска. Тој ќе биде третиот претседател на оваа земја откако го наследи неговиот брат, шеикот Калифа бин Зајед ал Нахјан, кој почина на 13. мај на 73-годишна возраст.
Шеикот Мохамед ќе биде и 17. владетел на Абу Даби.
Вчера имаше состанок на Федералниот врховен совет за да избере претседател, кој ќе има 5-годишен мандат пред да биде реизбран.
Новиот претседател беше избран од редот на членовите на Сојузниот врховен совет.