Руски хакери ќе ги блокираат серверите за гласање на Евровизија против Украина!?

Руски хакери се обидуваат да ги саботираат украинските претставници на Евровизија – се наведува во апликацијата на „Телеграм“

Групата „Kilnet“ поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека ќе ги блокира серверите за гласање преку Интернет за Украина да не добие поддршка на музичкиот натпревар.

Групата „Калуш“ – претставникот на Украина, станаа популарни откако започна руската инвазија на нивната земја, а според сите обложувалници токму тие се најголемите фаворити на вечерашната финална вечер во Торино, Италија.

„Нема да можете да гласате онлајн, а нашиот DDoS напад ќе биде виновен за се“ – напишаа членовите на „Kilnet“ на Телеграм.

Организаторите на Евровизија изјавија дека нема причина да се грижа за обидите за саботажа на интернет.

„Постојат бројни безбедносни мерки кои ја штитат нашата публика од какви било надворешни влијанија. Се разбира, така ќе биде и оваа година“ – велат оттаму.