Русија и ја „скина“ струјата на Финска
Русија го прекинува снабдувањето со електрична енергија за Финска.
Ова го објавила финската компанија за електрична енергија „Фингрид“ од каде потенцираат дека не постои ризик да нема доволно струја во Финска, која неодамна увезуваше околу 10% од вкупната потрошувачка од Русија.
„Увозот што недостасува може да се замени на пазарот на електрична енергија со увоз на електрична енергија од Шведска, а делумно и со домашно производство. Се проценува дека Финска е самодоволна во однос на електрична енергија уште во 2023 година“ – вели Реима Паивинен, потпретседател на „Фингрид“.
Ваквата ситуација се случува првпат по повеќе од 20 години.