Зеленски: За ослободување на бранителите од „Азовстал“ ширум светот бараме влијателни посредници

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски објави дека разговорите со Русија за спасување на ранетите ветерани од фабриката „Азовстал“ во Мариупол биле многу сложени и дека Киев користи „влијателни посредници“.

Украина предложи евакуација на 38 најтешко ранети ветерани, а доколку Москва им дозволи, Киев вели дека ќе ослободи голем број руски воени заробеници.

„Во моментов се водат преговори за следната фаза од мисијата за евакуација – отстранување на тешко повредените, медицинските лица. Станува збор за голем број луѓе. Се разбира, правиме се што можеме за да ги евакуираме сите други, секој од нашите бранители. Веќе ги вклучивме сите ширум светот кои би можеле да бидат највлијателни посредници“ – рече Зеленски во своето ноќно обраќање до нацијата.

Многумина од оние кои сè уште се во фабриката се членови на Азовскиот полк, чиј заменик командант Свјатослав Паламар во петокот рече дека неговите сили ќе продолжат да пружаат отпор колку што можат.